Обвинителството ќе истражува за смртта на жената од Струга, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

114

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од коронавирус.

Како што јави претходно Министерството за здравство, матичниот лекар за пациентката препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но пациентката и покрај упатувањето, не била хоспитализирана.

Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на вирусот во текот на вчерашниот ден.

Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​

Во текот на денешниот ден од Министерството за здравство најавија целосна ревизија на случајот за да се утврди дали имало лекарски пропуст.