Обвинителството оформи предмет по допрен глас за организирана забава во Прилеп

69

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас заради сомненија дека едно правно лице и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик.

Имено, во услови на прогласена пандемија од ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за заштита, во вечерните часови на 18 јули, во правното лице – угостителски објект била организирана забава на која биле присутни поголем број посетители.

Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази.​