Нови 54 заразени од ковид-19 во Прилеп за една седмица

76

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 19 до 25 јануари годинава, во општина Прилеп имало 54 нови случаи на ковид-19, додека од последици од вирусот починале 8 лица.

До денеска во Прилеп има 212 активни случаи, од кои 21 лице се наоѓа на болничко, 175 на домашно лекување, а 16 се лекуваат во дневната болница.

Во домашна изолација и самоизолација се 163 лица.

Во Прилеп од почетокот на пандемијата вкупно од ковид-19 се заразени се 4.522. Од нив 233 лица починале.

Во прилепската болница се затворија неколку ковид одделенија, сега заразените се лекуваат во инфективното одделение. Примени се и нови 12 лекари, а со одлука на Владата деновиве општата болница и Здравствениот дом се фузираа во една институција, за што велат надлежните ќе следи реорганизација. Ка.М.