Нови 36 заразени од ковид-19 во Прилеп, еден починат

125

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 36 нови случаи на коронавирус.

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 73-годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 272, од кои 236 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 573 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1009.

Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 50 лица.

Новозаразени има и наставници и десет медицински лица. А две текстилни фирми се привремено затворени, а капацитетот на инфективното одделение на болницата е полн.

Од општина Прилеп, по одржаниот состанок на Кризниот штаб, апелираа за почитување на мерките за заштита, го редуцираат јавниот превоз и Градскиот пазар ќе работи од 7 до 15 часот.

Ка.М.