Нови 35 заразени од ковид-19 во Прилеп       

67

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 35 нови случаи на коронавирус, а 10 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 338, од кои 298 се наоѓаат на домашно, а 40 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 620 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1144.

Ка.М.