Нови 20 заразени од ковид-19 во Прилеп

691

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 20 случаи на заболени од коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 149. Од нив, 121 лице се наоѓа на домашно, а 28 на болничко лекување.

Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 793. Ка.М.