Новите единаесетмина заболени во Битола се од познати кластери

1003

По информацијата дека во Битола во изминатите 24 часа дури 11 лица биле позитивни на коронавирус, со официјално соопштние се јавија од Центарот за јавно здравје.

Во соопштението се вели дека од вкупниот број на денешните пријавени случаи (11), пет припаѓаат на веќе познат кластер поврзан со работна организација, три даваат податок за контакт со позитивно лице, а три лица не даваат податок за поврзаност.

Најголем број од новозаболените се на возраст од 50-59 години (5), тројца се на возраст од 20-29 години, и по еден од возрасните групи 30-39, 40-49 и 60-69 години. Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) за здравcтвен надзор и домашна изолација.

Денес регистрирано е едно оздравено лице во Битола кое беше на домашно лекување. До денес регистрирани се 41 оздравено лице. Во моментот 12 битолчани се хоспитализирани, а 29 се на домашно лекување, позитивни на ковид-19.

Во Битола во моментот активни се четири кластери, три фамилијарни и еден кластер е поврзан со работна организација.

Инаку, во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и регионот кој го покрива (Битола,
Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 15 јули земени се вкупно 1.462
брисеви за ковид-19 (828 по епидемиолошки индикации, 304 преку упатување од
матичен лекар преку системот „Мој термин“ и 330 брисеви од вработени во градинки за
скрининг). Позитивни резултати за ковид-19 се добиени кај 317 лица, од кои 84 се со
место на живеење во Битола, 82 во Кичево, 12 во Демир Хисари 139 во Ресен. Според
исходот на заболувањето, кај 197 лица болеста е во тек (41 од Битола, 70 од Кичево, 75 од Ресен и 11 од Демир Хисар), 113 лица се оздравени и кај седум лица болеста имаше смртен исход.

Од контактите на денешните регистрирани случаи во Битола, за 24 лица е даден предлог до ДСЗИ (Државен санитарен и здравствен инспекторат) за здравcтвен надзор и домашна изолација. Денес регистрирано е едно оздравено лице во Битола кое беше на домашно лекување. До денес регистрирани се 41 оздравено лице.

Во Ресен денес нема регистрирано нов заболен, а се регистрирани две оздравени лица. Вкупниот број на оздравени лица изнесува 61.

Во Демир Хисар денес регистрирани се три нови случаи. За 11 лица поврзани со денешните нови случаи е даден предлог до ДСЗИ за здравствен надзор и домашна изолација. Во Кичево денес е регистрирано едно новозаболено лице, а едно лице е
регистрирано како оздравено. За три лица поврзани со денешниот случај е даден предлог до ДСЗИ за здравствен надзор и домашна изолација, се нагласува во соопштението на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола. М.М.