Не се планира полициски час, но можни се поригорозни мерки

138
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече постои можност за воведување на поригорозни мерки како што се ограничување на движење на граѓаните, намалување на работното време на угостителски објекти, доколку се зголемува бројката и постои опасност од ширење на коронавирусот. Според него засега не е планирано воведување на полициски час.

– Ова дефинитивно значи дека секој кога ќе носи маска или марама ќе го избегнеме оној ризик за трансмисија од тие мини групирање. Затоа ние апелираме да се избегне секакво групирање, семејни васелби и слави, бидејќи доаѓа ваков период. Поригорозни мерки планираме и тие вклучуваат скратување на работно време на угостителските објкекти, бидејќи тоа е ризик кој тешко се контролира, скратување и рестрикции во движењтое, а во некој регион или Општина доколку има голем број заболени дури и целосна контрола на тој дел од државата. Тука се подразбира, доколку има пробелм во одредена фабрика, затворање на фабрика или училиште, или пак со превоз, ќе се носат поригорозни мерки. Од полициски час сме засега далеку и не е во план – рече Филипче.

За време на викендот без ДДВ министерот Филипче, апелираше граѓаните и трговските објекти да се држат до протоколите затоа што според него така нема да има опасност од ширење на вирусот и оптоварување на здравствениот систем. Министерот рече и дека мерката за носење маска за отворено е задолжителна за сите, вклучувајќи ги и хронично болните.

– Се консултиравме и со искусни пулмозоли и тие ни посочија дека нема опасност за хронично болните и воедно оваа мерка ќе важи и за нив. Сметаме дека таа мерка е најважана и затоа бараме сите да се придржуваат неа – додаде Филипче.

Според министерот не постои опасност од увоз на вирусот од граѓаните кои ќе влегуваат во државата на граничните премини, затоа што бројките покажале дека најголем индикатор за ширење на вирусот е локалната трансмисија меѓу населението.

– На почетокот на кризата имаше увоз на вирусот. ПЦР тестови на границите сега има и не гледам опасност тука, локалната трансмисија е најголем проблем. Од преминување преку границите до 3 отсто од луѓето кои патувале се заразиле надвор од државата, што е навистина мала бројка. Транзит преку границите не е ризик, затоа што секаде во регионот е слична епидемиолошката слика – рече тој.

Во однос на бројките, Филипче рече дека е лажна вест дека се политизира кризата со коронавирусот и дека бројките не се реални.

– Не гледам политичка причина да не се покаже реалната бројка на заболените, не би требало оваа криза да се политизира. Досега успешно и транспарентно ја менаџираме кризата и во тој правец ќе продолжиме – порача Филипче.