Нема заболени во Битола, но нема ниту опуштање

1002

Засега, според официјалните информации, општина Битола нема пријавен случај на заболени од коронавирусот. Но ваквата состојба во никој случај не смее да ги опушти битолчани, кои досега со одредени исклучоци ги почитуваат мерките и препораките на
Министерството за здравство и Владата. Од општина Битола исто така предупредуваат за одговорен однос на сите граѓани.

– Реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик – вели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Во меѓувреме Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија Комуналец, Водовод, Нискоградба и Пазари, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“., а ЈП „Пазари“ тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот. М.М.