Највозрасниот пациент го победи коронавирусот

235

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил ја извести јавноста дека уште еден 89-годишен битолчанец го победи коронавирусот.
Станува збор за Андон Атанасов, кој се лекуваше на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола.
– Андон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи коронавирусот. Неговиот син нѐ извести дека сега тој е во добра состојба благодарение на посветеноста на докторите во болницата во Битола. Андон е храбар човек со волја за живот. Му посакувам добро здравје и уште многу денови поминати со неговите најмили – напиша министерот за здравство Филипче на својот фејсбук профил.
Од Клиничката болница во Битола информираат дека Атанасов десет дена се лекувал на Инфективното одделение во болницата и по два негативни теста тој е испишан како сосема оздравен пациент.
М.М.