Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирус

253

Над дваесет здравствени работници од клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство.

Како што се наведува, од вкупно 25 лекари 9 се позитивни, а вирусот е потврден и кај осум медицински сестри, двајца болничари, еден лаборант, како и психологот кој работи со пациентите. Позитивна е и директортката на клиниката.

Заболените здравствени работници се со полесни симптоми. Засега не е познато како вирусот се проширил низ клиниката. Епидемиолозите ќе треба да утврдат дали е пренесен од пациент или пак од вработените.