Мутираниот коронавирус не е присутен во Македонија

182

Мутацијата на коронавирусот која е регистрирана во Велика Британија не е присутна во Македонија, покажала анализата во лабораторијата на МАНУ. Ова го соопшти денес министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот, сепак, нагласи дека моментната ситуација нема да придонесе за ублажување на мерките. Според неговите денешни најави, сегa внимателно ќе се следи состојбата по почетокот на второто полугодие од учебната година.

–  Учебната година продолжи сите досегашни мерки остануваат во сила. Сѐ уште сме внимателни. Ќе ги анализираме бројките за евентуални други препораки – изјави Филипче.