Мобилните медицински тимови почнуваат со тестирање во Скопје

567

Мобилните медицински тимови од денеска почнуваат со тестирање за коронавирус во Скопје, според најавите на министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот истакна и дека за повозрасните кои спаѓаат во ризичната група граѓани брис ќе се зема во домашни услови, во согласност со препораките.

Во главниот град има десетина пунктови за тестирање, а ќе бидат отворени нови пунктови и во другите градови до крајот на неделава.