Министерот Арбер Адеми се излечи од коронавирус

98

Министерот за образование, Арбер Адеми соопшти дека се излечил од ковид-19.

– Конечно заврши предизвикот со ковид-19! По две негативни последователни тестирања, се враќам на активностите и многуте работи што се пред нас! Сакам да упатам порака до сите вас да бидете внимателни, да носите маски и да држите растојание. Благодарам од срце за изразената грижа, со вас ми беше многу полесно – вели Адеми.

Тој се зарази со коронавирус пред три недели.

Претставници на Министерството за образование и наука заедно со Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучуваат како ќе почне учебната година од септември во услови на епидемија.