МВР: Издадено 91 решение за изолација

77

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај, едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.


Казнети 44 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд достави 39 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 45 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, како мерка за спречување и ширење на ковид-19.

Сите останати 44 лица го прекршиле полицискиот час и биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

За сите обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.