Манчевски во изолација, заменик-министерот на МИОА е позитивен на ковид-19

157

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски преку својот фејсбук-профил информираше дека поради позитивниот тест за ковид-19 на заменик-министерот Александар Бајдевски и неговиот возач, ќе биде во самоизолација.

– Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид -19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави – напиша Манчевски.