Лицата кои биле во контакт со првозаболените од Прилеп се во самоизолација

85

Синот на потврдените лица заболени од ковид-19 во Прилеп се вратил од Србија на 09.03.2020 година, кога во таа земја имаше само еден потврден случај на коронавирус. Во тој момент, Србија беше категоризирана како земја со низок ризик и лицата кои се враќаа од таму не подложеа на мерки за самоизолација и здравствен надзор, што значи лицето немало обврска да се јави во Центарот за јавно здравје –  посочи Драгица Николовска, директор на Центарот за јавнот здравје Прилеп одговарајќи денеска писмено на новинарските прашања.

Според неа, досега се мапирани сите контакти на потврдените случаи, а со добивање на нови позитивни резултати, епидемиолошкото истражување продолжува. Сите лица кои биле во контакт со првозаболените се во самоизолација и се ставени со решение од ДСЗИ под здравствен надзор.

Директорот Николоска вели дека моментно максимален број на скрининг тестови на пунктот во Општина Прилеп изнесува седум тестови на ден, во период од 8 до 14 часот.

– Закажувањето е преку Мој термин кај матичниот лекар. Пациентот на тестирањето со себе треба да носи документ за идентификација. Дополнителни тестови се прават по епидемиолошки и клинички индикации. По самоизолација од 14 дена, доколку лицата кои биле во тој период не развиле симптоми на болеста не се тестираат, продолжуваат со секојдневните приватни и професионални активности – вели Николовска.

Ка.М.