Кренато македонското знаме во командата на НАТО

253

Македонското државно знаме вчера беше кренато во командата на НАТО во Норфолк, САД, на церемонија по повод членството на Македонија во Алијансата. Истовремено, македонското знаме беше кренато и во седиштето на НАТО во Брисел и во главната команда во Монс. Свечениот настан помина без присуство на македонски државници, поради состојбата со коронавирусот.

Македонија од петокот официјално е 30-та членка на Алијансата, откако САД го примија документот за пристапување на државава во Северноатлантскиот договор.
Со влезот во НАТО, Македонија ја оствари долгогодишната стратегиска цел да стане членка на најмоќната светска воена алијанса, што се смета дека ќе отвори нови перспективи за државата.