Коронавирсот ги обедини власта и опозицијата во Битола

34

Коронавирусот ги обедини власта и опозицијата. Денеска претседателот на Комисијата за безбедност при Советот на Општина Битола и лидер на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, оствари средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

На средбата Петровска го информираше Тошевски за сите досегашни преземени активности од страна на општината, а поголемиот дел од нив се совпаднаа и со предлозите на опозицијата. Заеднички се разговараше за формата на помош, која во периодот што претстои можеби ќе биде потребна и на локално ниво.

Градоначалничката Петровска се заблагодари на иницијативата на Тошевски за поддршка и подготвеност во однос на волонтери, кои што треба да се пријават и евидентираат во Општинската организација на Црвениот крст Битола, со што би се ставиле во функција на активностите координирани од ова тело. Двајцата соговорници се согласија дека сите преземени активности треба да продолжат да имаат институционален и професионален пристап.

Градоначалничката на средбата истакна дека очекува и останатите политички субјекти да го следат промерот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, на институционална организациона поставеност.

М.М.