Концертите се враќаат во Македонија со задолжително носење маски и намален капацитет

252

Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

Протоколот беше предложен од страна на претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани.

Со протоколот се дозволува организирање јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитетот каде што ќе се организира настанот.

Картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици, а носењето маски ќе биде задолжително.