Контакти со општината во Битола само преку интернет

87

Од утре општината Битола со битолчани ќе комуницира само онлајн и преку веб-страницата.
Ова се нагласува во известувањето на општината Битола упатено до битолската јавност.
Според известувањето на општината причините за ваквата комуникација се согласно последните измени на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.
Општината Битола ги извести граѓаните дека од утре граѓаните своите барања до општината да ги испраќаат по електронски пат и преку платформата „Пријави проблем“ .
Општината Битола и сега работи со драстично намален капацитет и граѓаните немаат пристап до административните служби, туку сите свои барања можат да ги достававуваат само до пријавницата.
М.М.