И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

437

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај.

Според податоците, Чаир има 5 новозаразени, Бутел – 3, Сарај – 2, Аеродром – 2, Шуто Оризари -2, Ѓорче Петров – 2, Илинден – 2, Гази Баба -1, Студеничани – 1, Сопиште – 1, Кисела Вода- 1.

Во Скопје во моментов има 248 активни случаи со коронавирус: Чаир – 54, Сарај – 39, Аеродром- 30, Гази Баба-30, Бутел-28, Илинден-10, Карпош-9, Кисела Вода-9, Ѓорче Петров-8, Студеничани-8, Центар-8 Шуто Оризари-7, Арачиново-3 Петровец-3 и Сопиште со 2 активни случаи.

Вкупно на територијата на Македонија денеска беа потврдени 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица.