Филипче: И во Тетово и околината не се почитуваат мерките

84

Во Тетово не се почитуваат решенијата за самоизолација како и мерките за држење дистанца, забраната за групирање, носењето на маски, рече министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека во Штип е затворен и цел погон од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат поради заразен со коронавирус кој работел таму. Филипче посочи дека мерките мора да се почитуваат за да се врати во нормала целото функционирање.

– Се направи надзор во Тетово, од локалниот Центар за јавно здравје и во Штип кај што се анализираат сите случаи. Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, дека има непочитување на сите изречени мерки, носењето на маските и дистанцата, како во Тетово, така и во околните места каде има ново дијагностицирани случаи. Од увидот во Штип непочитување на правилото за транспорт, посебно на вработените во конфекциите, каде има новодијагностицирани пациенти. Еден погон е затворен по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, меѓутоа, во транспортот во автобусите се возат вработени во сите конфекции, не се почитува правилото за процент на пополнетост на автобусот, ниту пак носењето на маски. Во таа една конфекција има 17 заболени и 70 контакти во изолација – рече Филипче.

Во шест градови низ земјава има по пет активни случаи, а во 15 градови нема регистрирано заболени од коронавирусот.

– Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, онака како што се прави статистиката изнесува 5,5 проценти а е калкулираат и тестовите од скринингот. Капацитетот во болниците е пополнет 11% и со тоа здравствениот систем е во добра кондиција. Бројни оздравени здравствени работници, висок над 92%, понатаму инциденцата во последните 14 дена е 10,3% односно трипати помала во однос на пикот во април месец, но продолжуваме постојано да пратиме. Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема: во Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Кавадарци, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево и Кратово. И во шест градови до пет активни случаи, во Струмица, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино – рече Филипче.