Инспекциите во здравствените установи не забележале неправилности при користењето на заштитната опрема

24

Министерството за здравство информира дека согласно заклучоците на Владата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 30 март до до 5 април извршил вкупно 91 инспекциски надзор од кои 79 во Јавни здравствени установи (ЈЗУ) и 12 во Приватни здравствени установи (ПЗУ).

При надзорот направен бил увид по однос на опременост на здравствените установи со лична заштитна опрема како и користење на истата за време на работењето со пациенти.

– Сите се опремени со доволни количини на заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, капи, мантили за еднократна употреба, визири, каљачи. Здравствените установи за болничко лекување имат обезбедено и скафандери за еднократна употреба. Обезбедени се и се користат средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенси за раце – информираат од ресорното министерство во однос на резултатите од надзорот.

Од таму додаваат и дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на медицинскиот персонал.