Министерството за здравство информира дека е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан ковид-19 во националниот систем „Мој Термин“.

Сертификатот се издава за сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на коронавирус и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата „вакцинација.мк“. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и кјуар-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.