Зaбрзано расте бројот на инфицирани од ковид-19 во Кичево

252
Фото: Зоран Антоски

Во изминатите неколку дена бројот на заразени од ковид-19 во Кичево е во постојан пораст, така со денешните 6 новозаразени во овој град, бројката се искачи на 58 заразени лица, од кои 49 се активни случаи, осум лица се излекувани, додека едно лице почина.

Од член на Општинскиот Кризен штаб ни беше посочено дека тројца од заболените се во потешка здраствена состојба и тие се наоѓаат на инфективните оделенија во Скопје и Битола. Од кризниот штаб апелираат граѓаните да се држат до препораките, во затворени простории задолжително да носат маски, а на отворено да се придржуваат до пропишаното растојание и да не се групираат.