За прошетка на домашните миленици остануваат истите термини

96

Владата синоќа донесе одлука полицискиот час овој викенд и за време на празниците Бајрам и Свети Кирил и Методиј да трае од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот наутро.

Од таму сега ги потсетуваат граѓаните дека времето за прошетки на милениците останува во востановените термини.

За време на полицискиот час, граѓаните своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08.00 до 08.30 часот, потоа попладне од 15.00 до 15.30 часот, како и навечер од 20.00 до 20.30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.