Забележана највисока бројка на заразени во еден ден во Македонија

1115

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирус починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал Хронично обструктивен бронхит и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Со ова вкупната бројка на смртни случаи од ковид-19 во земјава се искачи на девет.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од новозаразените најмногу се Куманово – 23, 11 од Скопје, 4 од Тетово, 3 од Битола, 2 од Струга и еден од Прилеп.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 329 лице.