Еден починат и 16 заразени од ковид-19 во Прилеп

521

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 16 нови случаи на коронавирус, 6 лица оздравеле од заразната болест и едно починато лице на 58 годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 206, од кои 170 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 894.

Ka.M.