Досега вакцинирани 1.155 здравствени работници во Македонија

47
Фото: Игор Бансколиев

Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против ковид-19 во Македонија, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој уверува дека вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи.

Министерот информират дека преку веб-страницата „Вакцинација.мк” 63.075 граѓани искажале интерес за вакцинација.

– До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини – напиша Филипче на Фејсбук.