Донација од 13.500 брзи тестови од Норвешка

76

Норвешка донираше 13.500 брзи тестови, од кои 10.000 за Министерството за здравство

Министерот Венко Филипче, присуствуваше на примопредавањето на донацијата. Оваа помош произлегува од потпишаниот Протокол за донација меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и норвешкото одбранбено аташе, ппк. Егил Далтвејт.

Од прогласувањето на кризната состојба, Министерството за одбрана се вклучи во помош за справување со ковид кризата, рече министерот Филипе. Веќе од понеделник, Воено медицинскиот центар со тим од 12 лекари и 20 медицински сестри ќе се вклучат во работа на ковид одделенија во Скопје.

– Тоа е голема помош и поддршка имајќи предвид дека сега сите специјалисти од областа на интерната медицина, сите инфектолози од почеток на кризата се посветени на третман на пациентите со ковид 19. Оваа донација од брзите тестови е многу значајна, бидејќи го олеснија пристапот на пациентите кон тестирање, но го олеснија и процесот на движење на пациентите во болничките установи. Со брз тест за 15 минути се знае дали е пациентот позитивен или не и по која „патека“ ќе треба да се лекува во болничките установи – рече министерот.

Филипче упати благодарност до Кралството Норвешка и нивното Министерство за одбрана за оваа многу значајна помош и поддршка за нашата земја.