Домашните слави да се слават исклучиво во кругот на семејството

147

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници упатува апел овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

– Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно. Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана – се наведува во апелот.