Доколку не се почитуваат мерките, можно е да се воведе полициски час

624

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашните вести на Канал 5 напомена дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите се под притисок. Тој потенцираше дека носењето маски на отворено, забранетото групирање на отворено повеќе од 4 лица по 22 часот се дел од мерките кои ќе се предложат до Владата, но можно е и да се воведат рестрикции во јавниот превоз и на одредени економски субјекти.

– Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати. Со носењето маски на отворено се менува епидемиолошката слика – рече Филипче. 

– Верувам дека мерките ќе дадат резултати, но ако нема, ќе има рестрикции во движење – рече Филипче во однос на воведувањето на полициски час.