Дезинфекција на старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола

114

Во домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, во кој престојуваат над стотина стари лица, преземени се сите мерки за заштита на корисниците на услугите од коронавирусот.
Во рамките на акциониот план за превенција од ширењето на коронавирусот во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, денеска екипа на ЈП „Комуналец“ го чистеа, миеа и дезинфицираше дворот на старскиот дом.
Инаку засега во домот за стари лица „Сју Рајдер“ од Битола нема ниту едно лице инфицирано од коронавирусот и состојбата е целосно под контрола.
М.М.