„Дезинфекциони корита“ на влезовите во Битола

72

Во настојувањата да се спречат или ублажат причините и последиците од пандемијата на вирусот ковид-19, Општината Битола со јавното претпријатие „Нискоградба“ почна со изградба на „дезинфекциони корита“ на влезовите од градот. Првото такво корито почна да се гради денеска на влезот од Прилеп за Битола.

Исти такви корита ќе бидат изградени и на другите влезови на градот.

Инаку деновиве Битола со помош на јавните комунални претпријатија вршеше дезинфекции на сите улици во градот и приградските улици, како и
станбените заедници.

М.М.