Деветмина новозаразени од ковид-19 во Прилеп

82

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има девет нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 11 лица.

Бројот на активни случаи во Прилеп изнесува 123, од кои 95 се наоѓаат на домашно, а 28 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 240 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 653. Ка.М.