Двајца новозаразени од ковид-19 во Прилеп

42

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има два нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 125, од кои 94 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 269 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 673. Ка.М.