Двајца новозаразени од ковид-19 во Прилеп, по еден во Крушево и во Македонски брод

98
Фото: Каролина Мицевска

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има два случаја на заболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест. По еден новозаболен од ковид-19 е регистриран во општините Крушево и Македонски Брод.

Бројот на активни случаи изнесува 59, од кои 44 се наоаѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 14 лица позитивни на коронавирус, а во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат вкупно 87 лица. Ка.М.