Двајца новозаболени битолчани од коронавирусот

1041

Во Битола од коронавирусот се заболени уште двајца битолчани, со што бројката се искачи на вкупно осум лица.

Од нив вкупно 4 заболени лица се сместени на болничко лекување во Инфективното одделение на Клиничката болница во Битола, додека останатите четири се наоѓаат на домашно лекување, нагласуваат од Клиничката болница во Битола, која деновиве со одлука на Министерсвото за здравство е прогласена за Регионален клинички центар, кој има капацитетот до 100 болнички кревети и потребен медицински кадар.

М.М.