Двајцата повозрасни прилепчани хоспитализирани во болницата во стабилна состојба

80
Фото: Игор Бансколиев
Двете повозрасни лица, на 73 и 74 години, заболени од коронавирусот, хоспитализирани во прилепската болница се во стабилна состојба. Нема влошување на клиничката слика на пациентите и им се дава соодветна терапија вели доктор Драги Богојески, директор на општата билница „Борка Талески“ во Прилеп.
 
Инфективното одделение каде можат да се лечат пациенти со средна клиничка слика има на располагање 30 легла, а дополнително има и во ургентното одделение ако се појави потреба.
 
Инаку, директорот Богојески истакнува дека редовно се врши стерилизација и дезинфекција во болницата.
 
Во Прилеп досега се заболени од корона вирус осум пациенти, двајца се на лекување во Инфективната клиника во Скопје, двајца во прилепската болница, а другите се дома.     Ка.М.