Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против ковид-19

278
фото: Игор Бансколиев

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината за ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Освен нив, предност ќе имаат и здравствените работници кои работат во ковид-центрите со заболени или суспектни, и оние кои работат со земање на брисеви, вработените во критичната инфраструтура и во транспортот.

– Со овој процес на вакцинација започнува последната фаза на оваа пандемија. Сакам да информирам дека започнавме интензивни подготовки со цел да го припремиме здравствениот ситем за да имаме ефикасен систем за вакцинација – изјави министерот Филипче по денешниот состанок на координативното тело кое е задолжено за спроведување на вакцинацијата.

Оваа вакцина нема да биде задолжителна, но за граѓаните ќе биде бесплатна.

Министерот најави дека вакцинирањето ќе започне во првите два-три месеци од следната година.

– Цел е 60 до 70 посто од населението да се вакцинира – нагласи министерот.