Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

66
Наташа Петровска

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со коронавирус.

„По резултатите од денешниот направен тест се утврди дека сум позитивна од ковид-19. Следните денови согласно препораките останувам во изолација. Бидете во добро здравје!“ напиша Петровска.

„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот СарасЦов-2. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам. Со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè“ напиша Таравари во својата објава на Фејсбук.