Градоначалникот на Бутел позитивен на ковид-19

95

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е позитивен на ковид-19.

Почитувани пријатели,И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми…

Posted by Velimir Smilevski on Понеделник, 05 октомври 2020

– И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав, веднаш направив тестирање на ковид-19 и тој е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не ги потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом, консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате – објави Смилевски на Фејсбук.