Голем број на контроли во угостителски објекти во Кичево

371
Фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид , во изолација се наоѓаат 109 лица од кои 19 во општина Кичево. Полициските службеници врз овие лица извршиле 10 контроли и не регистрирале неправилности. Во самоизолација во Кичево е едно лице од 30 колку што ги има на подрачјето на СВР Охрид.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат, полицијата извршила и  67 контроли врз угостителски и други објекти од кои 42 само во општина Кичево, најмногу од сите општини во овој регион, каде што не се регистрирани неправилности во работењето.

Вчера околу 19 часот на локалниот пат за село Челопеци-Кичевско нарушен е јавниот ред и мир со пцовки физички напад од С.А.(46) врз лицето Д.Б.(56), двајцата од истото село.Врз напаѓачот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава.