Генерално миење на Старата битолска чаршија

92

Во настојувањето Битола што подобро да се справи со последиците од коронавирусот, јавното комунално претпријатие „Водовод“ почитувајќи ги препораките на Општината, денеска изврши генерално миење на Старата битолска чаршија.

Инаку, ЈП „Водовод“, заедно со ЈП „Комуналец“ и останатите две јавни комунални претпријатија, „Нискоградба“ и ЈП „Пазари“, постојано се ангажирани за подобрување на хигиената и дезинфекцијата на градот, не само во строгиот центар, туку и во периферијата на Битола.

М.М.