Во Прилеп уште еден заразен од ковид-19

326

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус.

Бројот на активни случаи изнесува 47, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 51 лице.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 337.

Ка.М.