Во прилепската болница се зголемуваат капацитетите за прием на на ковид пациенти

278

Во прилепската болница со новиот ковид оддел на гинеколошкото одделение зголемен е капацитетот за хоспитализација на пациенти. Моментално има слободни 30 кревети. На инфективното одделение, во ушното, очното, еден отсек на интерното одделение се сместени околу 110 пациенти. Со тоа болницата е еден од најголемите ковид центри во земјава.

Инфектологот Мирјана Крстеска вели дека се зголемени капацитетите, но се уште им недостигаат лекари.

– Мора да признаеме лекари немаме доволно, но се зголеми бројот на медицински сестри, болничари и негувателки кои многу ни помагаат во работата. Имаме и четворица матични лекари кои ни помагаат – вели инфектологот Крстеска, началник на инфективното одделение.

Инаку, на инфективното одделение секое претпладне и навечер по 19 часот волонтира и градоначалникот Илија Јованоски, кој како што истакнува се грижел за помош на пацинтите. Тој белиот мантил и скафандерот, ги облекува во седум наутро, па се до десет часот, потоа продолжува со обврски во општината и навечер по 19 часот повторно се враќа во болницата со ист распоред за да помага во битката со корна вирусот.

Ка.М.