Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

54

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 274 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника исто така 5 во текот на вчерашниот ден.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во

– Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 123 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка – соопшти МЗ.