Во Кичево извршени 75 контроли врз угостителски објекти

170
Фото: Зоран Антоски

Полициските службеници во координација со Државниот пазарен инспекторат, во изминатото деноноќие на ниво на СВР Охрид извршиле 104 контроли врз угостителски објекти, од кои 75 само во Кичево, најмногу во целиот југо-западен регион.

Во истиот период полициските службеници констатирале и 33 прекршоци на граѓани за неносење заштитна маска на лицето од кои шест во Кичево. Моментно во овој град во изолација се наоѓаат 11 лица, врз кои полициските службеници извршиле контрола  и три лица моментно се во самоизолација. Кај 2 од овие лица полициските службеници извршиле контрола и не констатирале недоследности.

Радува фактот што во изминатите месец и половина на територија на општина Кичево констатиран е само еден случај на заразен од коронавирусот. Неговата здравствена состојба е стабилна.

Во текот на истиот период во Кичево извршени се тестирања на над 120 граѓани, од кои дел и на вработените во детските градинки, каде што нема констатирано инфицирани од ковид-19.