Вкупно 338 пациенти во моментов се хоспитализирани низ болниците во државата поради коронавирусот.

Според официјалните податоци, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, како и 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791, бројката на оздравени пациенти е 13.184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959 лица.